„За Божиќ, чудата го осветлуваат небото над Шкотските Висорамнини.”
Гејл Мичел, брилијантната и амбициозна бизнисменка, со години се наоѓа во зенитот на кариерата, но по цена на односот со своите ќерки. По ненадејното соочување со сопствената смртност, ги контактира со неочекувана покана: повторно да го поминат Божиќ заедно – за првпат по пет години.
За сестрите Саманта и Ела Мичел, Божиќ е најубавиот период во годината, време кое го поминуваат во смеа и веселба, обидувајќи се да ги надоместат топлината и магијата што им недостигале на празниците додека растеле. Годинава, додека Ела се приспособува на животот како мајка, а Саманта се надева да постигне деловна зделка за куќата во којашто ќе го поминат празникот, двете сестри решаваат да ја прифатат мајчината покана.
Додека снегот непрестајно паѓа, се разоткриваат стари тајни, се разгоруваат нови познанства и жените од семејството Мичел се принудени да се соочат со вистините што предолго ги избегнувале. Заедно мора да научат дека патот до прошката ретко е без пречки, но понекогаш, еден Божиќ може да смени сè.
Нашиот најубав Божиќ
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Сара Морган
- Достапност: На залиха
- 520 ден
-
390 ден
-
- 1 или повеќе 390 ден
Слични продукти
Мапирање на сол и ѕвезди
Во традицијата на романите на Халед Хосеини, приказна за судбината на семејства во потрага за мир и ..
315 ден 420 ден
Љубовта доаѓа тивко
Марти и Клем тргнуваат да си ги остварат надежите и соништата на Западот. Штом пристигнуваат, Клем г..
294 ден 420 ден
Ознаки: nasiot najubav bozikj, sara morgan
