Љубовта може да нѐ рани исто толку лесно колку што може и да нѐ излечи...
Изуми Танака – или едноставно Изи – е обична тинејџерка која живее со мајка си во едно гратче во Калифорнија, оди во редовно училиште, се дружи со своите најдобри пријателки... сѐ до моментот кога ќе открие дека нејзиниот татко е лично престолонаследникот на Јапонија!
Обземена од виор емоции, таа заминува за Јапонија за да ги запознае конечно својот татко и земјата за која отсекогаш сонувала. Но, брзо сфаќа дека животот на принцеза не се состои само од балски фустани и тијари. Тука се и лукавите роднини, безмилосните новинари, вековните традиции и обичаи што мора брзо да ги научи... А, и намќорестиот и неверојатно привлечен телохранител кој ја следи како сенка и, за среќа, ја разбира подобро од кој било друг.
Изи наскоро ќе се најде помеѓу два света, помеѓу две верзии од себе. Дома никогаш не била доволно „Американка“, а во Јапонија треба да докаже дека е доволно „Јапонка“. Дали ќе подлегне под тежината на круната или ќе ја живее својата бајка среќно засекогаш?
Токио засекогаш
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Емико Џин
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
392 ден
-
- 1 или повеќе 392 ден
Слични продукти
Војводата и јас
Децата на аристократите во Лондон учат како треба да му се обраќаат на војвода и како да се поклонув..
360 ден 450 ден
Жена на дното
Нејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но, по фијаското со филмската ада..
440 ден 550 ден
Можеби овој Божиќ
„Полн со позитивна енергија, крајно секси и празнично топол – серијалот за браќата О’Нил е совршенст..
336 ден 420 ден
Ознаки: tokio zasekogas, emiko djin
