Експертка за говор на телото и сеќавања, и консултантка на полицијата во Осло, психологинката Кари Вос месечари низ деновите, а навечер продолжува со очајната потрага по својот млад син, кој исчезнал на денот на својот роденден, седум години претходно.

Додека сè уште тагува по својот починат сопруг и се обидува да ги собере скршените делчиња од својот живот, таа си дозволува себеси да се впушти во шокантна истрага кога две локални тинејџерки ќе бидат насилно убиени во една семејна викендичка во блиското гратче Сон.

Кога пријател на жртвите е обвинет за овие варварски убиства, се чини дека сите докази се против него и случајот е затворен, но Кари не е убедена во тоа. Со помош на своите инстинкти и вештини, таа спроведува своја сопствена истрага, истрага што ја води до неколку различни осомничени, меѓу кои се и луѓе што добро ги познавале мртвите девојки.

Со помош на инспекторката Рамона Норум, таа открива дека ништо и никој – вклучувајќи ги и жртвите – не е така како што изгледа. И открива дека постои мрачна тајна во срцето на гратчето Сон, тајна што можеби е поврзана не само со исчезнувањето на нејзиниот син туку и со нејзиниот сопствен живот…

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Убиствата во Сон

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Томас Енгер, Жоана Густавсон
  • Достапност: На залиха
  • 430 ден
  • 323 ден


  • 1 или повеќе 323 ден

Слични продукти

Град од пареа

„Град од пареа“ претставува колекција од 11 приказни издадени постхумно во чест на прерано починатио..

Автор:

368 ден 490 ден

Дечкото

Сидни нема среќа со мажите, како и секоја втора жена во Њујорк. Таа има видено сѐ: мажи кои лажат на..

Автор:

416 ден 520 ден

Баскервилскиот пес

Кога сер Чарлс Баскервил ќе го најдат мртов во дворот од неговата куќа на село, забележливо е дека л..

Автор:

263 ден 350 ден

Мистериозниот случај во Стајлс

Дејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт,..

Автор:

304 ден 380 ден

Ознаки: ubistvata vo son, tomas enger, zoana gustavson