Најлошото што некогаш се случило во населбата Хемлок Сиркл се случило во задниот двор на Итан Марш...


Една јулска ноќ, десетгодишниот Итан и неговиот најдобар другар Били заспиваат во шаторот на уредниот тревник од семејната куќа на Маршови во една тивка, живописна населба во Њу Џерси. Следното утро, Итан се буди сам. Во текот на ноќта некој со нож го расекол шаторското крило и го грабнал Били – кој потоа никогаш не е пронајден.


Триесет години подоцна, Итан неволно се враќа во својот дом од детството. Измачуван од кошмари, почнува да забележува чудни нешта што се случуваат во соседството длабоко во ноќта. Како некој да талка низ уличката, а во задниот двор почнуваат да се јавуваат знаци на присуството на Били. Му прави ли некој несовесни шеги? Или, пак, тој навистина се вратил во Хемлок Сиркл?


Таинствените појави го наведуваат Итан да почне да истражува што всушност се случило, потрага која повторно го спојува со дамнешните другари и соседи и потрага која го води во шумата околу населбата.


Колку повеќе Итан се доближува до вистината, толку повеќе сфаќа дека ниедно место, ниту во тивката шума, ниту на мирната улица, не е сосема безбедно – и дека минатото има свои начини на кои секогаш ќе ја прогонува сегашноста...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Длабоко во ноќта

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Рајли Сејгер
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 413 ден


  • 1 или повеќе 413 ден

Слични продукти

Островот на пеликаните

Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр. Дејството ги следи с..

Автор:

300 ден 400 ден

Дечкото

Сидни нема среќа со мажите, како и секоја втора жена во Њујорк. Таа има видено сѐ: мажи кои лажат на..

Автор:

416 ден 520 ден

Ќе го најдам клучот

Дојде време да се дешифрира неверојатно брилијантната мистерија на едно убиство од Алекс Андорил, но..

Автор:

315 ден 420 ден

Одмазда

Инспекторката Силвија Силјановска е во Берлин на специјализација. Заедно со нејзиниот партнер Волтер..

Автор:

224 ден 320 ден

Ознаки: dlaboko vo nokjta, rajli sejger