Пред вас се отвора втората книга од едно патување, поместено од координатите на нужноста, но вкоренето во љубовта кон вистината. „Будимпештански записи 2“ е живо сведоштво за едно време исполнето со предизвици, надежи и разочарувања. Во неа се вткаени не само мисли за државата и за политиката, туку и лични исповеди кои се огледало на еден живот посветен на идеали што ги надминуваат минливите политички констелации.
Текстовите кои ги собрав тука се како парчиња од мозаик – претходно споделени на социјалните мрежи, каде што предизвикаа бројни дискусии и размисли. Но, времето на интернетот е ефемерно, а зборовите заслужуваат трајност. Затоа, оваа книга е обид да ги зачувам тие мисли, да ги синтетизирам во целина што ќе остане како сведоштво за периодот од април 2023 до април 2025 година – период исполнет со турбуленции и пресвртни моменти за Македонија, Балканот и светот.
Во овие страници се испреплетуваат размисли за минатото, сегашноста и иднината – за моментите кога сме биле исправени пред избори што го менуваат текот на историјата, но и за оние тивки мигови на интроспекција, кога се прашуваме дали сме направиле сè што можеме за да оставиме свет подобар отколку тој што го најдовме. Ова не е само книга за политичките борби, ова е книга за луѓето, за нивните соништа и стравови, за нивната борба да останат верни на себе во свет кој често ги принудува да се променат.
Оваа книга е и мој отпор од позиција на принудниот егзил, со кој ја напуштив својата земја не заради авантура или желба, туку заради преживување. Секој текст овде има своја приказна и своја тежина. Некои се аргументирана критика на власта и општествените појави, други се предлози за надминување на предизвици и патокази за можен напредок. Има и текстови поврзани со реформи и проекти кои го променија животот на граѓаните во времето кога ја предводев владата, но и размисли за нереализирани визии и започнати иницијативи кои новата власт ги запре или ги преобликува. Книгата изобилува со текстови кои ја опишуваат технологијата и смислата на одредени проекти во економијата, здравството, образованието, земјоделството и културата...
Слични продукти
Маж за придружба
Михал Кирхнер се раѓа како мимикрија на неговите хомосексуални родители. Неговото раѓање има за цел ..
330 ден
Недрамски дела
„Но таа што никогаш не ги разбрала таквите очи,и не ги сфатила пораките од погледите блудни,и никога..
300 ден
Сакај ме повеќе од се на светот
Животот на најголемата филмска и театарска дива на поранешните југословенски простори, Мира Фурлан, ..
700 ден
А пропо ништо
БЕСКРАЈНО ЗАБАВЕН, ДЛАБОКО ИСКРЕН, БОГАТ И БРИЛИЈАНТЕН АВТОПОРТРЕТ НА СЛАВНИОТ УМЕТНИК КОЈ СЕ ВБРОЈУ..
600 ден
Ознаки: budimpestanski zapisi, nikola gruevski
