Ахмед Нурудин е дервиш, припадник на мевлевискиот ред, шејх на теќе во една провинциска касаба.
Кога неговиот помлад брат Харун е затворен, се обидува да ја дознае причината за неговото затворање. Тоа е причината за сѐ што се случува понатаму и почетокот на трансформацијата на ликот на Ахмед Нурудин.
Во првиот дел, пред почетокот на трансформацијата, Ахмед Нурудин е ашик-дервиш, вљубеник во Бога. Сѐ што се случува во неговиот живот го смета за божја волја, па и несреќата што го снаоѓа. Во вториот дел од романот тој од божји слуга се претвора во Бог. Решава сам да ја спроведе божјата правда, притоа не бирајќи ги средствата. Тоа го оддалечува од неговиот внатрешен свет на молитвата и на медитацијата и го доближува до јавниот простор на општеството, во кој си има работа, пред сѐ, со луѓе што немаат духовна длабочина.
Влегува во свет што му е туѓ и во кој самиот е туѓинец. За иронијата да биде целосна, тој станува кадија на местото на стариот кадија, кој е убиен во побуната на рајата што ја предизвикува самиот Ахмед. Сега дервишот, кој беше вљубеник во Бога, навистина станува судија и дадена му е шанса да ја дели човечката правда. Не го издржува притисокот, не се снаоѓа во светот во кој не припаѓа. Обвинет е дека го ослободува својот најдобар пријател, иако тој е, во суштина, негов предавник. Луѓето го слават како херој, а тој умира со дамка на срцето.
Дервишот и смртта
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Меша Селимовиќ
- Достапност: На залиха
- 600 ден
-
450 ден
-
- 1 или повеќе 450 ден
Слични продукти
Човек што плаче од смеење
Октав Паранго во 90-тите работи како копирајтер, во 2000 е моден агент, а во 2010 година открива нов..
320 ден 400 ден
Шагринска кожа
"Шагринска кожа" е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фант..
245 ден 350 ден
Жените на Карантина
Субверзивен и смешен, пргав и остар, „Жените на Карантина“ е ремек-дело на модерната египетската лит..
280 ден 400 ден
Писма до Милена
За писмата на Кафка често се вели дека може да се читаат како љубовен епистоларен роман во кој главн..
434 ден 620 ден
Ознаки: dervisot i smrtta, mesa selimovikj
