Тој што сака секогаш и во сите ситуации да биде добар, ќе пропадне меѓу другите што не се добри...
Провокативна и контроверзна, „48 закони на моќта“ отворено зборува за мрачните страни на човековото однесување и неговата желба за моќ, што ја прави актуелна особено во денешно време.
Некои нејзини закони нѐ учат за скромноста, други за таинственоста, а некои нѐ упатуваат на бескомпромисно извлекување лична полза. Независно од моралните забелешки до кои може да се дојде, тие закони се сосем реални и видливи во нашето секојдневие. Целта на оваа книга не е да се прикаже начинот на стекнување моќ туку, напротив, да се научиме да ги препознаваме туѓите обиди за завладување на нашиот живот.
Возбудлива и богата со вистински историски настани и ликови, првпат објавена во 1998 година, ова е книга за принципите и стратегиите што луѓето отсекогаш ги користеле за стекнување и одржување на власта во различни контексти, од политика и бизнис до личните односи.
Водич со непроценливи увиди за меѓучовечките односи, за манипулацијата и општественото влијание, кои можат да се применат за лично и за професионално растење и напредување.
48 закони на моќта
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Роберт Грин
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
360 ден
-
- 1 или повеќе 360 ден
Слични продукти
Продуктивни и среќни
Кажано ни е дека за да постигнеме повеќе, мораме да работиме подолго, да се сосредоточиме посилно и ..
312 ден 390 ден
Книга што сакате да ја прочитаат вашите сакани
Животот во најголема мера зависи од поврзаноста меѓу луѓето и од квалитетот на врските – семејни, па..
320 ден 400 ден
Што ќе кажат другите
Животот не е бесцелна битка за комплетно игнорирање на туѓите мислења, туку е процес на формирање кр..
200 ден 250 ден
Престанете да размислувате прекумерно
Зачекорете по патот кон смиреноста и уживајте во сегашниот момент...Дали сте често растревожени и по..
256 ден 320 ден
Ознаки: 48 zakoni na mokjta, robert grin
