Зар не бараме сите некој со кого можеме да разговараме за сè? На кој вреди да му ги раскажеме своите приказни и размислувања, чии приказни и мислења искрено сакаме да ги слушнеме?
Сали Милц е писателка на скечеви за едно доцновечерно хумористично шоу кое се емитува секоја сабота во живо. По неколку разочарувања, таа веќе има кренато раце од љубовта задоволувајќи се со повремени авантури, успех во кариерата и блиска врска со нејзиниот очув за да може да има каков-таков семеен живот.
Кога нејзиниот близок пријател Дени почнува да се забавува со гламурозната актерка Анабел и станува дел од луѓето кои се романтично поврзани со неверојатно убави и остварени жени, Сали го смислува скечот „Правилото на Дени Хорст“ исмевајќи го овој феномен. Но, одеднаш, кругот се врти.
Пред да стане свесна што се случува, Сали се вљубува во Ноа Брустер, сензационален поп-музичар со исто така богато портфолио на жени модели. Па, зар не станува и таа дел од романтичните сценарија? Само што ова не е романтична комедија, туку реален живот. А, дали во реалниот живот некоја поп-ѕвезда навистина би засакала жена како неа?
Урнебесна романтична комедија што ќе ве натера да не судите прерано за тоа како сосем спротивни личности завршуваат заедно.
Романтична комедија
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Кертис Ситенфелд
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Пурпурни срца
Кога еден војник со бурно минато и надежна композиторка се согласуваат да стапат во брак поради воен..
338 ден 450 ден
Вистинскиот за мене
Паднат боскер. Жена со скршен сон. Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…Тејт Ремингтон – ..
315 ден 420 ден
Токио засекогаш
Љубовта може да нѐ рани исто толку лесно колку што може и да нѐ излечи...Изуми Танака – или едностав..
368 ден 490 ден
Беспрекорно
Правилата беа прости: да ги држи рацете подалеку од ќерката на неговиот агент и да не запаѓа во нево..
390 ден 520 ден
Ознаки: romanticna komedija, kertis sitenfeld
