Неверојатно волшебен и трогателен роман за изгубена љубов, семејни тајни и истрајна надеж.

Есте отсекогаш веруваше дека животот ќе го помине со љубовта од нејзиното детство, Феликс. Но, кога нејзиниот неверојатен талент за танц ќе овозможи да се пресели во поголем град и да се грижи за нејзината мајка, таа знаеше дека мора да ја жртвува својата среќа за иднината на нејзиното семејство и шансата за подобар живот.

Но, години подоцна, во град со повеќе од милион жители, Феликс ја пронаоѓа Есте. Должен да се венча со ќерката од едно истакнато семејство, тој е подготвен да жртвува сè за да биде со љубовта на неговиот живот. Но, Есте знае дека поддршката од неговото семејство и средствата за живејачка може засекогаш да ги загуби доколку таа каже „да“. Дали таа може навистина да си го следи срцето, ако тоа значи дека тој ќе изгуби сè?

Лондон во сегашноста, Лили држи избледен лист хартија во рацете, знаејќи дека нејзиниот живот никогаш повторно нема да биде ист. Додека тагува по нејзиниот покоен татко, нејзе ѝ е кажано декa нејзината баба била родена во дом, а единствените траги што водат до нејзиното минато се состојат од рачноиспишан италијански рецепт и стар леток од театар. Очајна за одговори, Лили прифаќа работа во италијанска винарија – сон за кој мечтаел и татко ѝ. Лили добива топло добредојде од шармантниот син на сопственикот, Антонио, и додека тие разговараат во текот на ноќта, Антонио ѝ нуди помош да го открие потеклото нa нејзиното семејство.

Но, кога пристигнуваат во селото на Есте и Феликс, Лили открива трагична љубовна приказна што има моќ да ја промени нејзината иднина. Додека ја открива вистината за нејзиното наследство, таа почнува да се вљубува во Италија и во Антонио.

Дали Лили може да се откаже од сè што некогаш знаела и одново да го изгради својот живот, или пак ризикот од скршено срце ќе ја примора да се врати дома?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Италијанската ќерка

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Сораја Лејн
  • Достапност: На залиха
  • 490 ден
  • 368 ден


  • 1 или повеќе 368 ден

Слични продукти

Војводата и јас

Децата на аристократите во Лондон учат како треба да му се обраќаат на војвода и како да се поклонув..

Автор:

360 ден 450 ден

Невидливиот живот на Ади Лару

Франција, 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција з..

Автор:

448 ден 560 ден

Разоткривање

Во "Вкусот на гревот" и во продолжението "Разоткривање" на овој бестселер, секоја реченица е храбра,..

Автор:

368 ден 490 ден

Ќе се најдеме во Бомбај

Бомбај, новогодишната ноќ 1913 год. Медлин Брајт, дојденка и сè уште ненавикната на задушливата запу..

Автор:

392 ден 490 ден

Ознаки: italijanskata kjerka, soraja lejn