Итан се бори за нешто целиот свој живот – за успех, за докажување, за љубов. Роден со големи соништа и амбиции, а израснат со малку, се обидува да се пробие во свет кој никогаш не му дал ништо на тацна. Научен да очекува загуби. Научен секогаш да биде подготвен за падот.

Тогаш ја запознава Ирис, девојката која му покажува дека ништо во животот не е невозможно. Таа прави тој да се чувствува семоќно. Со неа, повеќе не мора да се бори сам. Па, кога таа сонува, тој сонува со неа. Кога таа посакува нешто, тој ќе помести и планини за да ѝ го даде. А, кога таа копнее за семејство, тој се заколнува дека ништо – дури ни невозможното – нема да им застане на патот.

Нивната љубов е неуништлива, неопислива, луда… Но, што кога љубовта не е доволна?

Навидум совршен пар, тие бијат битка во тишина: битка која им ги тестира силите, надежта, телата и љубовта. И кога конечно го добиваат чудото кое го чекаат, мислат дека е готово. Но, грешат. Судбината е безмилосна и ја распарчува нивната љубовна приказна. Стануваат туѓинци во сопствените животи, а нивната љубов почнува да напукнува од грешката која никој не може да ја поправи. За првпат, тие се на спротивна страна на битката.

Некои љубови преживуваат сѐ. Некои не. Но, за некои вреди да се бориш… дури и кога се скршени. Можеби затоа што има некоја посебна убавина во љубењето со скршено срце.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Убавината на скршените нешта

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Ивана Спасев
  • Достапност: На залиха
  • 390 ден
  • 293 ден


  • 1 или повеќе 293 ден

Слични продукти

За нас

Ашер Бејли, кој се враќа дома во своето чудно гратче, повеќе не е истиот човек кој стави веренички п..

Автор:

413 ден 550 ден

Љубовна хипотеза

Хипотеза: Еден мал експеримент може да се претвори во катастрофа, или во светско откритие.Олив Смит,..

Автор:

375 ден 500 ден

Писатели и љубовници

Скршена поради ненадејната смрт на нејзината мајка и уништена по последната љубовна  врска, Кеј..

Автор:

270 ден 360 ден

Еднаш и засекогаш

Една од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија нев..

Автор:

368 ден 490 ден

Ознаки: ubavinata na skrsenite nesta, ivana spasev