Лена Вестбрук, перфекционист и работохоличарка, внимателно го планира и оркестрира секој детаљ од својот живот. Па, по две години врска, кога нејзиното момче ѝ раскинува вечерта кога таа очекува да ја побара за жена, збунета е до бескрај, а срцето ѝ е скршено. Тогаш бега во домот на саканата тетка, прекрасниот остров Бејнбриџ во Сиетл, да тагува на мир и да си дојде на себе. Првата вечер заспива во гостинската куќа. Но кога се буди следното утро, повеќе не е во колибата на островот, туку во мал шик париски стан – облечена во скапа свилена ноќница – до згоден парижанец кој мисли дека Лена му е сопруга.
Од елегантните соседства во Париз, допрекрасните пејзажи на Ирска и блескавите хоризонти на Њујорк, па и многу неочекувани дестинации помеѓу тие, секојпат кога Лена се буди, таа e на некое друго место, со некој друг. Во секое искуство, добива шанса да види како би било да тргнела по некој друг пат. Колку повеќе ѝ се разјаснуваат нејзините минати одлуки, толку повеќе се прашува, дали некоја од овие романси воопшто била… значајна?
Интересна, изненадувачка и магична новела која ги истражува сите „што ако” во животот, но најмногу, љубовта.
Незначајни партнери
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Сара Џио
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
392 ден
-
- 1 или повеќе 392 ден
Слични продукти
Очи од сребро, очи од злато
Ен Велс е срам за своето ладно, културно семејство уште од нејзините детски денови, полни со будалшт..
392 ден 490 ден
Невидливиот живот на Ади Лару
Франција, 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција з..
448 ден 560 ден
Пурпурни срца
Кога еден војник со бурно минато и надежна композиторка се согласуваат да стапат во брак поради воен..
338 ден 450 ден
Светлината над Лондон
Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои н..
338 ден 450 ден
Ознаки: neznacajni partneri, sara djio
