Нема посоодветна личност за запознавање на почетниците и за потсетување на искусните практиканти со основите на тибетскиот будизам од Неговата светост Далај Лама.
Обраќајќи се на публика сочинета од ученици од Западот, тој ни покажува како да ги применуваме основните будистички начела во нашите секојдневни животи. Почнувајќи токму со темелот на будизмот, со Четирите благородни вистини, ја поставува рамката за разбирање на првите учења на Буда за страдањето, за среќата и за мирот.
Потоа следуваат негови коментари за два од најважните будистички текстови од аспект на длабочината на увидот: „Осум строфи за извежбување на умот“ и „Ламба за патот до просветлувањето“ од Атиша, при што често го посочува првонаведениот текст како еден од главните извори на инспирација за практикување сочувство.
Со јасен, разбирлив јазик и со препознатливата смисла за хумор, која проблеснува во речиси сите негови дела и активизам, Далај Лама нè поканува сите да развиеме најпрониклива свесност, вистинско и правилно разбирање на природата на стварноста и искрено сочувство за сите битија.
Вовед во будизмот
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Далај Лама
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
263 ден
-
- 1 или повеќе 263 ден
Слични продукти
Завршете со позитивна нула
Замислете си како би било, пред да го напуштите светов, само да правите сé што некој друг ви кажал. ..
288 ден 360 ден
Зошто никој не ми го кажал ова порано?
Самодовербата е домот што го градите за себе.Со своето повеќегодишно искуство во клиничката психолог..
360 ден 450 ден
Суперкомуникатори
Што ги прави разговорите функционални? Дознајте како да станете одличен (со)говорник, и на работа и ..
480 ден 600 ден
Пронајди ја пра-светлината во себе
Во едно моќно подавање рака Бог, нашиот вечен Татко преку Габриеле, Неговата пророчица и гласничка, ..
182 ден 260 ден
Ознаки: voved vo budizmot, dalaj lama
