Во што е разликата помеѓу љубовта и жртвувањето? Каде е границата помеѓу чувството на достоинство, егоизам и горделивост?
Скршен од болест и тага, младиот петербуршки писател Иван Петрович (Вања) се присетува на минатите настани од сопствениот живот и животот на луѓето што му се блиски. Неговата пријателка од детството во која е вљубен, Наташа Ихменева, го засакува Аљоша, синот на кнезот Валковски, кој е главната причина за сите неволји на нејзиното семејство.
Наташа го напушта домот на своите родители, а нејзиниот татко, неправедно обвинет од страна на кнезот, финансиски уништен и емоционално повреден, ја проколнува својата ќерка.
Од друга страна, љубовта на Наташа и Аљоша наидува на непремостливи препреки поради инфантилниот и непостојан карактер на Аљоша кој е неспособен да прифати одговорност за своите постапки, како и поради притисокот од страна на неговиот татко, кој сака да го ожени за богатата Катја. Најпосле животните патишта на главните ликови се вкрстуваат преку малата Нели, чија судбина фрла ново светло врз животните погледи на останатите ликови.
„Понижени и навредени“ (1861) зазема посебно место во творечката биографија на Достоевски како прв поголем роман по неговото враќање од Сибир.
Понижени и навредени
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Фјодор М. Достоевски
- Достапност: На залиха
- 600 ден
-
450 ден
-
- 1 или повеќе 450 ден
Слични продукти
Белата тврдина
Орхан Памук е можеби најпознатиот современ турски писател, добитник на Нобеловата награда за литерат..
270 ден 360 ден
Ана Каренина том 1
Во свет каде што традициите се силни, каде што владеат предрасуди и непоколебливи стереотипи, каде ш..
488 ден 650 ден
Неточка Незванова
Со мајсторски стил и длабоко чувство за човековата душа, Достоевски го внесува читателот во најскриш..
263 ден 350 ден
Ознаки: ponizeni i navredeni, fjodor dostoevski
