Роман кој со својата едноставност успева да го трогне читателот и да пренесе пораки од непроценлива вредност што ги надминуваат сите очекувања.
Шуичи е млад илустратор на детски книги кој се справува со загубата на мајка му во куќата во која пораснал и која се обидува да ја реновира за да може да ја продаде или да ја изнајми. Тогаш се појавува осумгодишниот Кента и секој од нив настапува на свој начин во запознавањето и комуникацијата. Возрасниот со имагинација и со фантазија, детето со игра, со нелогичности и со доза меланхолија.
Дестинацијата на возбудливото патување на двајцата протагонисти станува островот Тешима во Југозападна Јапонија, каде што се наоѓа Архивата на срцебиењето. Во неа се собрани срцевите отчукувања на луѓе од целиот свет. Секое отчукување е приказна, а сето тоа заедно е споменик на сеќавањето.
Ако не размислуваме за спомените и како тие функционираат, не можеме да откриеме ниту кои сме навистина. Оваа книга го прави токму тоа – ни овозможува да се сетиме на најважните нешта за да можеме да ја раскажеме нашата приказна.
Островот на срцебиењето
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Лаура Имаи Месина
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Дванаесетте соби на Нил
Тој е женкар и боем, и во тој момент сѐ уште немал напишано ниту еден збор од Госпоѓа Бовари. Таа ќе..
375 ден 500 ден
Литературно друштво за книги и пити од островот Гернзи
Во 1946 година во Лондон: едно писмо пристигнува до писателката Џулија, од нејзин фасциниран и сраме..
322 ден 460 ден
Луѓето што се секогаш со мене
Берд е мало гратче сместено меѓу ерменските планини. Таму секоја куќа има своја приказна, секој сосе..
273 ден 390 ден
