Жестоко и имагинативно исплетен натприроден трилер, за девојка која работи како дадилка на детенце со чудни и вознемирувачки тајни.


Мелори Квин тукушто излегува од рехабилитација и наоѓа ангажман кај брачната двојка Тед и Керолајн Максвел: ќе го чува нивниот петгодишен син Теди. Мелори веднаш ја засакува работата. Има свој простор каде што живее, навечер излегува да трча, ја добива стабилноста по која одамна копнее. Искрено и топло се поврзува со Теди, мило и срамежливо детенце вечно со блок и со молив в раце.


Неговите цртежи се обични: тој црта дрвја, зајаци, балони. Но, еден ден, ќе нацрта нешто сосема поинакво: маж кој во некоја шума влече по земја безживотно тело на жена.


По ова, сите следни цртежи стануваат сè позлокобни, несмасно нацртаните човечиња од неговите први обиди брзо се менуваат и стануваат живописни скици кои далеку ги надминуваат цртачките способности на петгодишно дете. Мелори почнува да се прашува дали тие можеби се одеци од едно дамнешно нерасчистено убиство, а можеби и се поврзани со некоја натприродна сила.

Мелори знае колку звучи лудо сето тоа, но се нафаќа да ги дешифрира овие цртежи и да го спаси Теди пред да стане предоцна.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Цртежи од темнината

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Џејсон Рекулак
  • Достапност: На залиха
  • 600 ден
  • 450 ден


  • 1 или повеќе 450 ден

Слични продукти

Скриено во сенките

#2 УБИСТВАТА ВО ОРЕ Тајни, одмазда и брутално убиство ја нарушуваат идиличната зимска атмосфера..

Автор:

375 ден 500 ден

Творецот на лаги

Татко ти не е добар човек. Татко ти убиваше луѓе, синко...Ова се дел од последните зборови што му ги..

Автор:

390 ден 520 ден

Куќа на светлината

Во голема трошна куќа на врвот на еден рид, едно девојче живее само…Нејзиното име е Ева, има десет г..

Автор:

413 ден 550 ден

Култ

Петгодишно дете е киднапирано од градинка среде бел ден.Детективката Мина Дабири и нејзиниот тим се ..

Автор:

488 ден 650 ден

Ознаки: crtezi od temninata, djejson rekulak