Трогателна приказна за две деца кои во различни времиња се разделуваат од семејствата поради ситуацијата во своите земји.
Виена, 1938 год: Самуел Адлер е шестгодишно еврејско дете чиј татко исчезнува во текот на Кристалната ноќ по што неговото семејство губи сè. Очајната мајка му наоѓа место во последниот воз натоварен со деца што ќе ги превезе од нацистичка Австрија во Англија. За Самуел почнува нов живот со неговата верна виолина и под бремето на осаменоста и неизвесноста, што ќе го придружуваат до крајот на животот.
Аризона, 2019 год: Седумгодишната Анита Дијаз се качува на воз со мајка си за да избегаат од непосредната опасност во Ел Салвадор и да заминат во САД. Нивното пристигнување се совпаѓа со новата владина политика на нулта толеранција за имигранти што ќе ја оддели од мајка ѝ на границата. Сама и исплашена, далеку од сè што ѝ е познато, сместена во прифатилишта и згрижувачки семејства, Анита бара засолниште во Азабахар, магичниот свет што постои само во нејзината имагинација.
Прекрасен роман што наведува на размислувања за разделбата, тагата, односот на родителите со децата и за длабоките врски што можат да се создадат со помош на емпатијата и грижата.
Ветрот го знае моето име
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Изабел Аљенде
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
300 ден
-
- 1 или повеќе 300 ден
Слични продукти
Палатата со магнолии
Њујорк 1919 година. Откако ја губи мајка си, животот на 21 годишната Лилијан Картер целосно се распа..
390 ден 520 ден
Домот за несакани девојчиња
Во 50тите години на минатиот век, во Квебек, Францизите и Англичаните се поднесуваат меѓусебно со не..
443 ден 590 ден
Ознаки: vetrot go znae moeto ime, izabel aljende
