Рут е преубава, млада девојка која живее во Лондон. Но, не само што е убава, таа ќе има среќа да се сретне и да се омажи со Џорџ Кери, баснословно богат земјопоседник, кој наследил огромни имоти и луксузна куќа на островот Цејлон, далеку од родната Англија.


Џорџ е средовечен маж, добродушен и згоден човек и син на Том Кери, познат земјопоседник во британската колонија, кој ја има изградено огромната куќа од тиково дрво и ги поседувал огромните плантажи со кафе и чај. Куќата е изградена на долговековната патека на слоновите, кои во топлите и сушни денови поминувале од тука за да најдат свежа вода и храна. Таа патека за нив е од непроценливо значење.


Во првите моменти Рут ужива во луксузните подароци од медениот месец во Франција, раскошот на куќата на Цејлон и егзотиката на овој прекрасен остров исполнет со природни убавини. Сепак, она што постојано ѝ недостига на Рут е вниманието на Џорџ, бидејќи тој сè помалку е во куќата. Но, Рут има постојана поддршка од Апухами, стариот слуга на Џорџ и од Вилдинг, привлечниот и вешт управител на плантажата за чај.


Вилдинг сè почесто е во друштво на Рут и ја надоместува празнината од Џорџ, додека Апухами на мудар начин се обидува да го заштити својот господар Џорџ… Љубовта секогаш го пронаоѓа својот пат, иако понекогаш може подолго да трае. Исто како и слоновите што секогаш одат по својата патека, иако често таа е подолга од другите патеки и во таа намера никој и ништо не може да ги спречи. 


По романот е снимен познатиот холивудски филм „Патеката на слоновите“, во кој главната улога ја толкуваше мегапопуларната филмска дива Елизабет Тејлор. Извонредна историска љубовна приказна, филмувана и режирана според романот продаден во преку 50 милиони примероци.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Патеката на слоновите

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Роберт Стендиш
  • Достапност: На залиха
  • 430 ден
  • 323 ден


  • 1 или повеќе 323 ден

Слични продукти

Скрши го мразот

Анастасија Ален цел живот дава сѐ од себе за да добие шанса да влезе во Американскиот олимписки тим...

Автор:

443 ден 590 ден

Долга реса крај морето

Приказна за љубовта, пријателството, надежта и егзилот, која е актуелна и денес, и покрај тоа што се..

Автор:

338 ден 450 ден

Ќе се сретнеме повторно

Дали љубовта може да ги надмине сите пречки?Замислете да запознаете еден човек, заедно да поминете ш..

Автор:

315 ден 420 ден

Свадба во декември

За Роузи не постои ништо поромантично од тоа да се омажи со љубениот на БожиЌ. Но нејзиното семејств..

Автор:

368 ден 490 ден

Ознаки: patekata na slonovite, robert stendis