Љубовта е тивко, смирувачко, релаксирачко, неизбрзано, педантно, хармонично брмчење. Нешто што лесно можете да заборавите дека е тука и покрај тоа што неговите дланки се испружени под вас во случај да паднете.
Мемоари за раната зрелост со сета нејзина застрашувачка и надежна неизвесност. Кога станува збор за обидите да се стане возрасен, новинарката и поранешната колумнистка на Сандеј тајмс, Доли Олдертон сето тоа го има видено и пробано. Во своите мемоари таа раскажува за заљубувањето, наоѓањето работа, опиеноста, отфрлањето, фактот дека момчето на кое во моментот се потпира воопшто не може да се спореди со нејзините најдобри пријателки. Мемоари за лоши состаноци, добри пријатели и пред сè – прифаќањето дека сме повеќе од доволни.
Екстремно забавна, а на моменти трогателна до солзи, посветена на справувањето со сите видови љубов во животот, духовита, полна со топлина и хумор. „Сѐ што знам за љубовта“ преплетува лични исповеди со сатирични забелешки, кратки потсетници, дневнички записи, рецепти за вкусни јадења – во кои баш секој може да се препознае – и притоа да се смее од сѐ срце.
„Доли Олдертон ја доживувате истовремено како најдобра другарка и како постара сестра, а страниците напишани со нејзина рака ве обвиваат како топла прегратка.“ - Ивнинг стандард
Се што знам за љубовта
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Доли Олдертон
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
400 ден
-
- 1 или повеќе 400 ден
Слични продукти
Ставот е сѐ
Дали се плашите кога одите на работа? Дали се чувствувате уморно, несреќно и преоптоварено? Дали се ..
270 ден 360 ден
Осум правила на љубовта
Можеш сиот живот да бараш љубов и никогаш да не најдеш, или можеш постојано да даваш љубов и да иску..
480 ден 600 ден
За љубовта
Љубовта е најмоќното, но во исто време и најмалку проучуваното чувство. Нејзиното познавање, како ог..
350 ден 500 ден
Триумфирај во животот
Секое суштество живее во сопствен ментален свет. Неговите радости и таги се креации на неговиот ум и..
280 ден 400 ден
Ознаки: se sto znam za ljubovta, doli olderton
