Слушај внимателно, зашто ќе зборувам за душата, а душата си ти.
Актуелна и по осум века од нејзиното создавање, зрелата духовна поезија на Руми е инспиративна во современиот свет. Пренесувајќи ги тајните на суфизмот и природата, големиот персиски поет и мистик Џелалудин Руми создаде безброј стихови за божественоста, за љубовта и страста, копнежот и пријателството, за начинот на кој може да се постигне единство со возљубеното и секое ново духовно будење и откровение.
Проникнете во овие длабоко експресивни и неверојатно лирски стихови и трагајте по езотеричните вистини што ги знаат оние кои проникнале до најдлабоките бездни на човековата душа. Драги Михајловски, како еден од трагачите, успеа да ги пронајде и на совршен начин да го преслика целиот свет на Руми на македонски јазик. Надминувајќи ги материјалните граници на постоењето, поезијата на Руми ги обликува емоциите во мозаик во кој е претставено целокупното човеково искуство.
Отворете ги ушите што ѝ се дадени на душата за да слуша работи што умот не ги разбира. Дефиницијата на Руми за љубовта како „длабоко запаметен стих, нешто што никогаш нема да го заборавиш“ е дефиниција за сето она што е испишано на овие страници.
Големата црвена книга - собрани преводи
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Џелалудин Руми
- Достапност: На залиха
- 750 ден
-
600 ден
-
- 1 или повеќе 600 ден
Слични продукти
Крајпатни знаци
Ова постхумно објавено дело на Иво Андриќ е сочинето од голем број записи, согледби, куси повести, о..
525 ден 700 ден
Добро е да се знае
Оваа книга е збир на текстови и записи од полето на историјата и празниците (празниците во значаен д..
413 ден 590 ден
Љубовниците полиглоти
Елинор има триесет и шест години и се обидува да најде љубовен партнер на Интернет. Макс е средовече..
259 ден 370 ден
Клара и сонцето
Сонцето секогаш наоѓа начин да допре до нас.Клара е она што во чудесниот и футуристички свет на Ишиг..
400 ден 500 ден
Ознаки: golemata crvena kniga, djelaludin rumi
