Водата се стврднува при неповолни услови, исто како и човечкото срце...


Во древноста, крај животодавната река Тигар, една мала дождовна капка паѓа врз главата на суровиот владетел Асурбанипал, опседнат со глинените плочи на кои е запишан познатиот еп за Гилгамеш. Следејќи го цикличниот пат на капката низ вековите, патуваме низ земјите и културите, а нејзините промени нè носат до нови херои: момче со генијална меморија родено на брегот на валканата Темза во викторијански Лондон, наглуво девојче кое во 2014 г. со баба ѝ заминува во долината Лалиш, свето место на нејзиниот народ соочен со уништување. Во наши дни, ним им се придружува една научничка која го напушта сопругот и се сместува во својот нов дом: брод на реката Темза.


Овој волшебен роман на Елиф Шафак ги следи чудесните текови на водата, историјата и судбините, испишувајќи приказна проткаена со длабока емпатија за несреќните и отфрлените. Водата владее над сите нив – таа е и предвесник на животот и гласник на смртта. Иако телото е смртно, душата е вечен патник – исто како капката вода. Водата памети. Луѓето забораваат. 


„Одисеја, еп, приказна за искупување. ‘На небото има реки’ е повик да им се оддаде почест на елементарните сили кои ни ги обликуваат сеќавањата, историите, нашиот свет. Накратко – ремек-дело.“ - Рут Озеки

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

На небото има реки

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Елиф Шафак
  • Достапност: На залиха
  • 650 ден


Слични продукти

Рингишпил

Нејзините покрети беа понежни и посуптилни од секоја нота. Нејзиното тело е синоним за страст и умет..

Автор:

450 ден

Нормални луѓе

"Нормални луѓе" е роман за моќта на привлекувањето, за пријателството и за љубовта помеѓу луѓето. Пр..

Автор:

450 ден

Убавицата од харемот

И покрај петстотини убави жени во харемот, само една со своите вештини го освојува срцето на султано..

Автор:

470 ден

Славејот

Пред почетокот на војната во Ирак, семејството на Лејла ал-Гани беше меѓу најистакнатите и најотворе..

Автор:

490 ден

Ознаки: na neboto ima reki, elif safak