Во Мала Староградовка, село сместено на ничија земја меѓу Украина и Русија, живеат само двајца средовечни мажи: пензионираниот Сергеј Сергеич и Пашка, неговиот ривал од училишните денови. Сред воениот конфликт што сè повеќе се разгорува, единственото задоволство на Сергеич се неговите пчели. Но, кога завршува зимата, тој решава да ги одведе пчелите далеку од воената зона за да можат да собираат полен и ќе помине илјадници километри за да ги пренесе на полуостровот Крим. Детската едноставност на Сергеич и неговиот силен морален компас ги разоружува сите што тој ги среќава по патот.

„Сиви пчели“ е воен роман во кој војната има периферна улога, а централно место зазема приказната за фасцинацијата на еден човек од природниот поредок на универзумот и за тоа што може да се случи кога тој универзум ќе биде изваден од рамнотежа поради човековото влијание.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Сиви пчели

  • Издавачка куќа: Артконект
  • Автор: Андреј Курков
  • Достапност: На залиха
  • 530 ден


Слични продукти

Во нечии други чевли

Приказна исполнета со сплетки, недоразбирања и грешки, ова е новиот роман од најпродаваната авт..

Автор:

550 ден

Врвки

По дванаесет години брак, врската на Ванда и Алдо се распаѓа поради неверство. Сепак, зад нивната ра..

Автор:

250 ден

Сестри на сончогледите

Бестселерот на Марта Хол Кели – "Јоргованот секогаш цвета по зимата", кој се продаде во милиони..

Автор:

650 ден

Чуварка на семиња

"Чуварка на семиња" е незаборавен роман што опфаќа неколку генерации и ги следи борбата на едно дако..

Автор:

630 ден

Ознаки: sivi pceli, andrej kurkov