Ив води убав, спокоен живот. Секое утро се буди со бакнеж од нејзиниот прекрасен и згоден сопруг, Нејт, пред да тргнат кон гимназијата во која и двајцата предаваат. Нивното секојдневие тече како подмачкано. Или барем така изгледа.
Нејт, обожаван од учениците и колегите, упорно одбива да ѝ обрне повеќе внимание. Парите не им стигнуваат, а згора на сѐ, оваа година и двајцата треба да ѝ предаваат на најпроблематичната ученичка, 16-годишната Ади, која е причината што минатата година еден од најдобрите професори во училиштето беше принуден да си замине. Ништо никогаш не беше докажано, не беа поднесени обвиненија, но гласините беа доволни. Затоа што кога некој ќе се посомнева во врска меѓу професор и ученичка, последиците секогаш се тешки.
Сите знаат дека на Ади не може да ѝ се верува. Дека лаже и манипулира. Уништува туѓи животи. Барем така се зборува. Но, лекција број еден во оваа гимназија е да не веруваш никому. Некои гласини кријат далеку пострашни тајни.
„Професорот“ е мрачен, психолошки трилер со бројни остроумни пресврти што ќе ги држат читателите во неизвесност до последната страница.
Професорот
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Фрида МекФаден
- Достапност: На залиха
- 520 ден
-
416 ден
-
- 1 или повеќе 416 ден
Слични продукти
Мистеријата на трите четвртини
Уште една ингениозно заплеткана мистерија што може да ја реши само генијалниот ум на славниот белгис..
300 ден 400 ден
Во 16.50 од станицата Падингтон
Госпоѓа Елспет Мекгиликади се враќа од пазарување во пресрет на божиќните празници со попладневниот ..
304 ден 380 ден
Крвава месечина
Колку чини еден човечки живот? На што сè се луѓето подготвени за да се ослободат од некој?Три жртви ..
413 ден 550 ден
Седум лаги
Сè започна со само една мала лага... Но никогаш не завршува тука. Eдна лага води кон друга..
368 ден 490 ден
Ознаки: profesorot, frida mekfaden
