„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминативе шеснаесет века. Таа вели дека сè што напишала e вистина, но искрено мислам дека некои делови се пренесени со прекумерна доза на патриотизам. Особено кон соседите. Но... таков е нејзиниот табиет: горд, искрен, чесен, мил, полн со емпатија. Напати ме потсетува на некого: на мајка ти, баба ти, на мајка ми... но најмногу од сè ми личи на Македонија.
Двете делат иста судбина, со секој здив, со секој збор, со секоја реченица. „Авторката“ не ја познавам лично, но имам чувство дека цело време е тука некаде, на дофат. Кога издавачот ми го прати текстот да напишам рецензија, не наидов на ништо што не ми е познато. Имав впечаток дека секоја страница од оваа историска читанка ја има некаде во нашите гени. За некои од ликовите можеби не сте чуле или, пак, имате погрешна слика, но сите тие се јунаци. Можете да кажете дека ништо од ова не е точно, но нема да можете да не ја дочитате книгата докрај, затоа што целиот живот ќе ви ја јаде душата. Однатре. Тивко, полека...
И јас сум Сирма
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Зоран Спасов - Ѕоф
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
312 ден
-
- 1 или повеќе 312 ден
Слични продукти
Чувствителен човек
Moур, средовечен актер, патува низ Европа со својата сопруга и двете мали деца. Посетуваат театарски..
385 ден 550 ден
Господ, па Америка : есеи
Пишувам за Америка на критичен начин, кој е, исто така, полн со љубов (а како поинаку се пишува за з..
272 ден 340 ден
Празникот на Прчот
„Добро ли стори што дојде? Ќе се покаеш, Уранија. Трошиш една недела од одморот, ти што никогаш нема..
350 ден 500 ден
Ознаки: i jas sum sirma, zoran spasov
