Изабел Кук има сериозен проблем. Нејзината семејна фарма, местото каде што воедно се одржува еден од најважните традиционални настани во Тиликум, Божиќното село, е во неволја. Голема неволја. А најлошото од сѐ е што човекот којшто се обидува да ја купи фармата е најголемиот намќор на светот – Илајас Стоунхарт. Нема теоретски шанси. Таа нема намера да му дозволи ни да им се приближи. Не со тоа негово камено срце.
Илајас е заинтересиран само за стекнување богатство, не пријатели. Особено откако неговиот шеф му го ветува долгоочекуваното унапредување. Сѐ што треба да направи е да убеди едно семејство, на кое бизнисот секако не му оди добро, да ја продаде фармата. Проблемот? Фармата е на семејството Кук. А Изабел Кук му е поранешна девојка.
И покрај тоа што има минато со Изабел, ова е само бизнис. И нема намера да дозволи една фармерка која го обожава Божиќ да застане помеѓу него и неговите амбиции. А Божиќ? Па тој го мрази! Божиќното село е глупост. Но кога доаѓа во малиот град, божиќниот дух – и Изабел – почнуваат да му се пикаат под кожа. И има шанси таа да е единствената која може да го стопи мразот на неговото ледено срце.
Како намќорот го спаси Божиќ
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Клер Кингсли
- Достапност: На залиха
- 470 ден
-
376 ден
-
- 1 или повеќе 376 ден
Слични продукти
Позајмени сништа
Му должиш на детето во тебе да се бориш за неговите соништа, му вети, се сеќаваш?Понекогаш посакувам..
225 ден 300 ден
Скрши го мразот
Анастасија Ален цел живот дава сѐ од себе за да добие шанса да влезе во Американскиот олимписки тим...
472 ден 590 ден
Гласот на Арчер
"Неговите очи ми кажуваа сѐ што со гласот не можеше. Разменивме илјада зборови без да изустиме ниту ..
364 ден 520 ден
