Една ноќ ги зближува. Друга ги разделува.
На Грејс Мајлс ѝ недостасува лесното другарство со Ашер, но растењето значи оддалечување. А и вистина, како би можел да се вљуби во неа кога го имаат поминато детството валкајќи се во кал на потокот и делејќи мастика за џвакање? Но летово, нешто како да е поинаку. Да беше понаивна, Грејс ќе помислеше дека Ашер флертува со неа. Тие темни очи, цврстото тело и ѓаволестата насмевка ѝ будат пеперутки во стомакот и храброст во срцето да се надева на работи за коишто отсекогаш била убедена дека никогаш нема да ги има.
Затрескувањето во најдобрата другарка не би требало да е комплицирано, но за Ашер Бејли, љубовта кон Грејс е сè, само не едноставна. Патот до романса не е лесен благодарение на глутницата браќа кои се заштитнички настроени кон девојката од соседната куќа, бабата која не трпи глупости, малото гратче каде што озборувањето е секојдневна појава, и кавгата што се протега низ генерации. Но Ашер сфаќа дека неговите чувства се преголеми за да ги игнорира. Не ризикува со тоа што ја љуби. Ризикува ако дозволи да ја изгуби.
И една вечер, еден бакнеж менува сè.
Конечното признавање на чувствата е почетокот на нивниот среќен крај. Но нивната бајковита љубовна приказна трагично прекинува и никој од нив никогаш повеќе нема да биде ист.
За тебе
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Клер Кингсли
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
312 ден
-
- 1 или повеќе 312 ден
Слични продукти
Повик за будење
Двајца рецепционери во хотел – и заколнати ривали – наоѓаат колекција стари бурми и се натпреваруваа..
392 ден 490 ден
Споменот на него
По отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа в..
392 ден 490 ден
Формула за сродна душа
Да си ја пронајдеш сродната душа преку ДНК?Џес Дејвис е волшебник кога станува збор за обработување ..
368 ден 490 ден
Ознаки: za tebe, kler kingsli
