Како се запознавте? Тоа е едно од основните прашања кои им се поставуваат на сите парови. И одговорот обично е некоја романтична приказна, стрелата на Купидон ги погодила во задникот, се вљубиле на прв поглед. Нашето запознавање беше многу поинакво. Шетав низ едно богато соседство во Беверли Хилс во потрага по маж, само за да ја направам љубоморна мојата смртна непријателка која штотуку ме отпушти од работа. Тој пак нервозно шеташе, мрморејќи за некоја пропадната зделка на работа додека се обидуваше да смисли како да се извлече од настанатиот проблем.
И така налетавме еден на друг. Немаше искри. Апсолутно ништо што укажуваше на тоа дека помеѓу нас би можело да се роди нешто. Но дур се свестам, лапав бесплатен ручек и го слушав како ми се отвора за своите проблеми кои водеа до чуден предлог… тој сакаше да бидам неговата Вивиен, знаете, од филмот Убава жена – само без безобразниот дел. Требаше да живеам во палата, да одам на состаноци во пар и да се преправам дека сме лудо вљубени и… свршени. Каква бесрамност. Но луѓето прават луди нешта кога се очајни. А јас корнев на очај. Па, склучивме договор.
Но, направив и една голема… не, огромна грешка. Случајно се вљубив во непоправливиот Хаксли Кејн.
Љубов на втор поглед
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Меган Квин
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
472 ден
-
- 1 или повеќе 472 ден
Слични продукти
Љубов во Рим
Амелија Роуз, позната како Реј Роуз помеѓу своите обожаватели, е прегорена од годините минати во одр..
392 ден 490 ден
Писма до загубената љубов
Кога Џес Моран случајно влегува во домот на Стела Торн воопшто не се ни надева каква љубовна сторија..
338 ден 450 ден
Последната пролет во Париз
Една сосема обична старост и рутинска новинарска задача ќе ги спои судбините на две непознати жени. ..
338 ден 450 ден
Ознаки: ljubov na vtor pogled, megan kvin
