Во секоја жена има диво и природно суштество, моќна сила исполнета со добри инстинкти, страсна креативност и безвремено знаење. Името ѝ е Дивата Жена, но таа е загрозен вид. Иако се раѓаме со дарбите на дивата природа, обидот на општеството да нè „цивилизира“ во крути улоги го грабнал ова богатство и ги замолчел длабоките, животворни пораки на нашите сопствени души. Без Дивата Жена, стануваме премногу припитомени, страшливи, некреативни, заробени.
„Жените што трчаат со волците: митови и приказни за архетипот на Дивата Жена“ (1992) се смета за еден од класиците на феминизмот. Тоа е дело што функционира како хибрид на феминистичка антропологија, етнологија и психоанализа. Во него авторката користи богати интеркултурни митови, бајки и приказни, со цел да им помогне на жените повторно да се поврзат со својата инстинктивна природа. Преку приказните и коментарите на авторката се истражува, се анализира и се објаснува митот за Дивата Жена и се создава нов лексикон за опишување на женската психа. Авторката верува дека здравјето, среќата и целоста на жената зависат од нејзиното враќање кон изворите на нејзината потисната природа, и ова го објаснува врз основа на интерпретација на значењето на некои традиционални приказни од северноамериканскиот, јужноамериканскиот и од европскиот фолклор.
Во книгата има шеснаесет поглавја, секое посветено на некој особен аспект на женското искуство – врските, креативноста, лутината, спиритуалноста, припаѓањето итн. Во поговорот, авторката зборува и за терапевтската функција на приказните, надоврзувајќи се така и на традиционалните начини на прекугенерациско пренесување на женската историја и искуство.
Жените што трчаат со волците
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Клариса Пинкола Естес
- Достапност: На залиха
- 850 ден
-
638 ден
-
- 1 или повеќе 638 ден
Слични продукти
Кула крај море
„Кула крај море“ е една од најзрелите и најмистично градени збирки на Влада Урошевиќ. Синтеза на реч..
225 ден 300 ден
Детето во снегот
Детето во снегот е збирка раскази за сите семејства чии дечиња заталкале во „студенилото на снегот“...
140 ден 200 ден
Разговори во Париз
Пред диктафонот на црногорската новинарка Бранка Богавац, која веќе неколку децении живее во Париз, ..
300 ден 400 ден
