Кејси Флечер, актерка која од неодамна останала вдовица, се обидува да избега од нападните новинари и се повлекува во мирот на семејната езерска куќа во Вермонт.
Вооружена со двоглед и неколку шишиња алкохол, таа го минува времето набљудувајќи ги Том и Кетрин Ројс, гламурозниот пар кој живее во куќата спроти езерото. Тие се интересни за набљудување – технолошкиот иноватор Том е богат, а поранешната манекенка Кетрин е прекрасна.Еден ден, на езерото, Кејси ја спасува Кетрин од давење и тие две почнуваат да се дружат. Но, колку повеќе се запознаваат – и колку подолго Кејси набљудува – станува очигледно дека бракот на Кетрин и Том не е толку совршен колку што изгледа. Кога Кетрин исчезнува, Кејси станува обземена да открие што ѝ се случило. Патем, открива морничави, мрачни вистини, кои ја претвораат приказната за воајеризам и сомнеж во приказна за вина, опсесија и за тоа колку изгледот може да излаже.
И во овој роман заштитен знак на Рајли Сејгер се спојот на итри ликови, психолошка неизвесност, изненадувања достојни за воздишки и шокирачки пресверти до последната страница.
Куќа спроти езерото
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Рајли Сејгер
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Убавите девојки танцуваат
Келси беше 14 годишно девојче кое исчезна пред 7 години – се претпоставува дека е мртва. Последиците..
315 ден 450 ден
Убиства со монограм
Мирната вечера на Херкул Поаро во едно лондонско кафуле ја прекинува непозната жена што му се д..
300 ден 400 ден
Убиствата во Кингфишер хил
Фантастичен сплет од мистерии, дисфункционални семејни односи, морбидност и неизвесност – совршениот..
300 ден 400 ден
Во 16.50 од станицата Падингтон
Госпоѓа Елспет Мекгиликади се враќа од пазарување во пресрет на божиќните празници со попладневниот ..
304 ден 380 ден
Ознаки: kukja sproti ezeroto, rajli sejger
