Додека писателот го создава романот, и романот го создава него. Дали добриот романсиер може да биде и добар есеист? Давајќи ни широк критички поглед кон дарбата и упорноста за пишување, кон издаваштвото и читањето, Мураками докажува дека може!
Оваа книга е длабоко искрен личен поглед кон занаетот на пишувањето на еден од најголемите писатели на нашето време. Читателите на мистериозниот романсиер ќе бидат восхитени од овој привилегиран пристап до работилницата во умот на Мураками, од кој се обликуваат неговите надреални светови.
Мураками го отелотворува прототипот на осамен и резервиран писател кому никогаш не му е пријатно да зборува за себе. Но сепак, одлучи да ја прекине својата тишина за да го сподели со читателите своето искуство како писaтел и читател. Навраќајќи се на Кафка, Достоевски и Хемингвеј, размислува за книжевноста и имагинацијата, за книжевните награди и за контроверзната улога на писателот во денешниот свет.
Полн со свежина, лични чувства и искуства, Мураками ја крева завесата зад која гори огнот што ги инспирира творците и ни нуди свои одговори за тоа што значи да се биде раскажувач, каква е улогата на романот во нашето општество, од која точка животот станува роман, а романот живот.
„Не ми пречи да бидам само Харуки Мураками. А штом не ми пречи, зошто се крева толку голема прашина?“
Писател по вокација
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Харуки Мураками
- Достапност: На залиха
- 400 ден
-
320 ден
-
- 1 или повеќе 320 ден
Слични продукти
Шагринска кожа
"Шагринска кожа" е еден од оние романи на Балзак во кој се потенцира таинственото, мистичното и фант..
245 ден 350 ден
Најсреќниот човек на светот
Животот може да биде убав ако го направиш убав. Зависи од тебе. Еди Јаку отсекогаш се сметал се..
312 ден 390 ден
Одбраната на Лужин
Зад перипетиите од животната приказна на генијалниот јунак во книгата, надарениот и безумен руски ша..
338 ден 450 ден
Сенки од минатото
Емили де ла Мартиниер отсекогаш се противеше на своето аристократско потекло. Сега е единствен..
413 ден 550 ден
Ознаки: pisatel po vokacija, haruki murakami
