Епски роман за Виолета дел Ваље, чиј живот, долг еден век, го опфаќа времето на најголемите историски настани на XX век, во светот и во нејзината земја од Латинска Америка – Големата депресија, Втората светска војна, диктатури, природни катастрофи, две светски пандемии, и тоа на „шпанскиот грип“ при нејзиното раѓање во 1920 година и на коронавирусот при нејзината смрт во 2020 година.

Преку долго писмо упатено на саканиот внук Камило ги опишува најважните моменти што го обележале нејзиниот живот: страсните романси и љубовни разочарувања, моментите на болка и на страв, времињата на сиромаштија и на богатство, на тешки лични трагедии и на голема среќа. Но врз нејзиниот живот не влијаат само личните и историските настани. Него го обликуваат и поддршката на женските организации за борбата за женските права и борбата против семејното насилство.

Изабел Аљенде повторно ни нуди возбудлив роман, исполнет со топлина и длабоки емоции.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Виолета

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Изабел Аљенде
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден


Слични продукти

Браќа по душа

Алфа и Мадемба се двајца од безбројните сенегалски војници што се борат во Големата војна. Тие ..

Автор:

390 ден

Љубовта е таа што не ја разбираме

Еден врел јулски ден семејството се вози со автомобил, а потоа возачот наеднаш кочи и се случува кав..

Автор:

250 ден

Смена

Сликарството е поважно од сѐ во нејзиниот живот, кој е поделен меѓу монотоната работа на касата во с..

Автор:

380 ден

Еднаш и засекогаш

Една од најмаестралните и најтрогателните љубовни приказни на Џудит Мекнот ја оживува на хартија нев..

Автор:

490 ден

Ознаки: violeta, izabel aljende