„Браќата Карамазови“, последното и најдоброто дело на Фјодор М. Достоевски, е едно од врвните достигнувања во светската литература. Според Фројд, најголемиот роман на сите времиња.

Раскошна филозофска расправа која покренува низа етички проблеми за природата на Бог, слободата на волјата, правдата и етичноста. Вистинска драма за моралните борби околу верата и сомнежот, разумот и емоциите, разбирањето и осудувањето. Проникнат со алчност и љубомора, љубов и страдање, тага и душевна благородност, овој роман е истовремено и теолошка и психолошка расправа. За Ниче, Достоевски е најдобриот психолог од кого научил многу за животот.

Романот бил објавуван во текот на 1879–1880 година во списанието „Руски весник“. Според него се снимени многу филмови и серии, поставени се многу театарски пиеси и сè уште доживува многу изданија низ целиот свет. Неговото дејство се случува во Русија, во XIX век, и сведочи за распаѓањето на едно имотно семејство составено од тројца браќа, толку различни меѓу себе што немаат речиси ништо заедничко освен нивниот неморален татко.

Полн со симболи, желба за правда и сострадание – за на крајот животот да се сведе на само еден сончев зрак. Ако го гледаш, жив си. А ако си жив, сè уште имаш можност да го откупиш животот.

„По Библијата, „Браќата Карамазови“ е веројатно највредниот трансисториски бестселер за природата на доброто и злото. Фројд, Ајнштајн, Хајдегер, папата Бенедикт Шеснаесетти мислеле пред мене – исто. Какво мајсторство е да го покажеш Божјото зрно во различна изртеност кај тројца браќа – Дмитриј, Иван и Аљоша, како и семето на злото кај нив и нивниот татко Фјодор, во различни големини? И зошто кај некого едното го надраснува другото, а кај некои второто го задушува првото? Вечни прашања и страшни филозофски стрмнини пред читателот од можеби најголемиот гениј во уметноста воопшто, книжевниот Моцарт. Бестселер што не пламнува како слама, туку топли со тивка и трајна, вечна жар.“ - Венко Андоновски

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Браќата Карамазови

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Фјодор М. Достоевски
  • Достапност: На залиха
  • 750 ден
  • 600 ден


Слични продукти

Театарски роман

Театарски роман прави мошне прецизна и остра сатира на руското општество меѓу двете светски војни, п..

Автор:

202 ден 252 ден

Коцкар

Дури и насон ја гледам играта, но имам некое чудно чувство дека сум се вкочанил, дека сум потонал во..

Автор:

240 ден 300 ден

Идиот

Враќајќи се во Санкт Петербург од швајцарски санаториум, нежниот и наивен епилептичен кнез Мишкин – ..

Автор:

560 ден 700 ден

Записи од подземјето

Два по два ќе биде четири и без мојата волја.Тоа ли е слободна волја?Најреволуционерната книга на До..

Автор:

200 ден 250 ден

Ознаки: brakjata karamazovi, fjodor dostoevski