Можеш сиот живот да бараш љубов и никогаш да не најдеш, или можеш постојано да даваш љубов и да искусиш огромна радост...
Ученикот го прашал учителот: „Каква е разликата меѓу допаѓањето и љубовта?“ Учителот му одговорил: „Кога некој цвет ти се допаѓа, го кинеш. Кога го сакаш, секој ден го полеваш со малку вода“. Овој често цитиран дијалог ја илустрира идејата за љубовта што ја има Џеј Шети, а што ќе ја добиете и вие по читањето на книгава. Без разлика дали сте биле цвет што бил скинат и оставен да овене, или копнеете да го најдете цветот за кој сакате да се грижите, меѓу овие страници ќе ги најдете сите одговори на дилемите за љубовта.
Светот ја идеализира љубовта. Ретко откриваме што се случува по бајковитото „и си живееја среќно до крајот на животот“. Никој не нè седнува да нè подучи како да сакаме. Сè до оваа книга. Инспириран од ведската мудрост и модерната наука, авторот на глобалниот бестселер „Размислувај како монах“ напиша водич за секоја фаза од една романтична врска. Отсега, се ослободуваме од типичните клишеа или етеричниот концепт на љубовта. Џеј Шети дава конкретни чекори што ќе ви помогнат да ја негувате љубовта, да научите како да победите или изгубите заедно, како да се справите со целиот циклус низ кој минува секоја врска – од првите состаноци до заедничкото живеење, од раскинувањето до новиот почеток, од тоа како да избегнете вљубување во погрешна личност до одбегнување на лажните ветувања...
Живеејќи ги осумте правила на љубовта на Шети, ќе научите како да се сакате себеси, а со тоа и партнерот и светот. Запомнете, во љубовта не сте еден против друг. Туку сте заедно против проблемот.
„Одличен водич за воздигнување на љубовта до радост и исполнетост.“ - Дипак Чопра
„Во оваа остроумна книга која ги разбива митовите, Џеј Шети ги обединува старата мудрост и модерната наука за да ни покаже како да ја пронајдеме – во себеси и во другите – љубовта што ја заслужуваме.“ - Лори Готлиб
Осум правила на љубовта
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Џеј Шети
- Достапност: На залиха
- 600 ден
-
480 ден
-
- 1 или повеќе 480 ден
Слични продукти
12 животни правила
Понесен од великаните на западната мисла, од најразлични домени на науката, од религиозните списи и ..
440 ден 550 ден
Ставот е сѐ
Дали се плашите кога одите на работа? Дали се чувствувате уморно, несреќно и преоптоварено? Дали се ..
270 ден 360 ден
Што кажува секое тело
Тој вели дека тоа е неговата најдобра понуда. Но дали е така? Tаа вели дека се согласува. Дали навис..
320 ден 400 ден
Никому ништо не должите
Нашите обрасци на перфекционизам и угодување на луѓето настанале врз основа на некогашните повреди н..
323 ден 430 ден
Ознаки: osum pravila na ljubovta, 8 pravila na ljubovta, djej seti, 8 правила на љубовта
