Во 50тите години на минатиот век, во Квебек, Францизите и Англичаните се поднесуваат меѓусебно со несигурна учтивост. Татко и на Меги Хјуз, има амбиции за својата ќерка, што не вклучуваат брак со француско момче од соседната фарма. Но, Габриел Феникс и го заробува срцето на Меги. Откако ќе остане бремена на 15-шна возраст, нејзините родители ја принудуваат да го даде бебето Елоди на посвојување.
Елоди расте во сиропиталиште во прилично несигурен живот, кој добива трагичен пресврт кога таа заедно со илјадници други сираци во Квебек е прогласена за умоболна, како резултат на новиот закон што обезбедува повеќе средства за психијатриските болници отколку за сиропиталиштата. Елоди му одолева на ужасното однесување на калуѓерките и на крај, на 17-шна возраст си ја заработува слободата кога ќе биде фрлена во еден непознат и вознемирувачки свет.
Меги, пак, омажена за бизнисмен кој одвај чека да создаде свое семејство, не може да ја заборави ќерката што беше принудена да ја напушти, а случајната повторна средба со Габриел поттикнува уште еден мачен избор. Како минува времето, така приказните на Меги и Елоди се испреплетуваат, ама никогаш не се допираат… Се до мигот кога на Меги и станува јасно дека мора да земе се што сака од животот и да тргне во потрага по одамна загубената ќерка, враќајќи ја конечно вистината што им беше одземена на обете...
Домот за несакани девојчиња
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Џоана Гудман
- Достапност: На залиха
- 590 ден
-
443 ден
-
- 1 или повеќе 443 ден
Слични продукти
Куќата со жолта фасада
Едно необично и неочекувано запознавање, целосно го менува животот на младата Ева и засекогаш ѝ го з..
225 ден 300 ден
Кула од карти
Животот на Софија и Марко, и на нивното мало синче Тадеј, по случувањата од романот „Продолжи да оди..
245 ден 350 ден
Светлината над Лондон
Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои н..
338 ден 450 ден

