Правилата беа прости: да ги држи рацете подалеку од ќерката на неговиот агент и да не запаѓа во неволји. Да биде беспрекорен. А, сега е принуден да го дели покривот со неа. И креветот. Но, правилата се создадени за да бидат прекршени.
Рет Итон е најпознатиот родео-каубој во Канада и жените го обожаваат. Вистинска суперѕвезда. Или барем до неодамна, пред да биде вмешан во голем скандал што се заканува да ѝ стави предвремен крај на неговата блескава кариера. Агентот настојува да го среди имиџот, па затоа ја праќа ќерка си, Самер, да го следи во чекор до крајот на сезоната.
На Рет не му треба дадилка – особено не толку убава, со припиени панталони и заводлива насмевка, која не умее да си ја држи устата затворена. Прекрасната уста за која тој не може да престане да размислува. Но, Самер не е лесен плен, не е уште една цртка во долгиот список со заведени девојки. Таа проникнува зад неговата маска на самоуверен и себичен никаквец, го гледа неговото вистинско лице и нема намера да побегне.
Самер се обидува да не ја пречекори границата, затоа што неговата репутација не би издржала уште еден удар – како и нејзиното срце, кое не би издржало уште болка.
Но, Рет е решен да ѝ го освои, колку и да го чини тоа.
Беспрекорно
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Елси Силвер
- Достапност: На залиха
- 520 ден
-
416 ден
-
- 1 или повеќе 416 ден
Слични продукти
Формула за сродна душа
Да си ја пронајдеш сродната душа преку ДНК?Џес Дејвис е волшебник кога станува збор за обработување ..
368 ден 490 ден
Последната пролет во Париз
Една сосема обична старост и рутинска новинарска задача ќе ги спои судбините на две непознати жени. ..
338 ден 450 ден
Од жарјето
Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример: оглушувачкиот звук на експлоди..
336 ден 420 ден
Лето во градот
Дваесет и седумгодишната сценаристка Ел ја добива шансата што ја чекала цел живот: да напише сценари..
443 ден 590 ден
Ознаки: besprekorno, elsi silver
