Ејвори е позната организаторка на свадби, но за жал, таа не верува во љубов – барем не кога станува збор за неа. Кога го запознава богатиот ерген Џо Тревис, помешувајќи го со фотограф, нема намера да му дозволи да ја шармира. Но Џо е човек кој се бори за тоа што го сака, а Ејвори сепак не може да му одолее на секси јужњачкиот шармер и топлата летна вечер.
Меѓутоа, по таа една вечер, Ејвори е решена да не дозволи тоа да се повтори. Човек како Џо може да значи само неволја за жена како неа, а таа секако не смее да си дозволи дистракции затоа што е ангажирана за свадбата на годината – настан кој е исклучително важен за неа.
Компликациите сепак почнуваат, ставајќи ја во опасност целата свадба, особено кога испливуваат шокантните тајни на невестата. Но Џо е категоричен дека нема да се откаже лесно, па Ејвори е принудена да се соочи со несигурностите и убедувањата кои произлегуваат од минатото кое би дала сѐ да го заборави. Ситуацијата доаѓа до точка на вриење и таа се соочува со најтешката одлука во својот живот. Само ако ризикува сѐ, вклучувајќи ја својата кариера и своето срце – ќе открие што е најважно во животот.
Слични продукти
Американската авантуристка
Приказната за Џени Џером Черчил, мајката на Винстон Черчил, наследничка родена во Њујорк, ..
520 ден 650 ден
Незадоволна
„Ова не треба да биде вака, ова треба да биде поинаку“, зборува некој глас во мене. „Ова не е д..
280 ден 350 ден
Раскажувачот од Казабланка
Мароко, 1941 год.Франција е падната под нацистичка окупација, дванаесетгодишната Џози бега со своето..
416 ден 520 ден
Ловејќи го ветрот
Што се случи со Брижит Бертхолд?Тоа прашање го прогонува Даниел Витез уште од неговата тринаесетта г..
360 ден 450 ден
Ознаки: kafenooka, lisa klejpas