Борба за власт, убиства на можните претенденти на тронот, љубов и интриги во сарајот на Султанот. Спремна речиси на сè за да стане најмоќната жена во Империјата. Силна, борбена и величествена. Ангел и демон во една личност. Во историјата е наречена Црната кралица.
За султанот Ахмед таа беше неговата Махпејкер (месечина). Но, длабоко во себе, Анастасија беше еднa едноставна побожна попска ќерка, грабната од грчкиот остров Милос. Кога имаше само петнаесет години, од Куманово, преку Скопје и Солун таа пристигна во харемот на Султанот и беше само една од многуте слугинки во Сарајот.
Како и да е, судбината го направи најнеочекуваното… Нејзината несекојдневна убавина и интелигенција ја забележа бабата на султанот Ахмед. Султанката ја зеде младата девојка под нејзина закрила, подготвувајќи ја за улогата што и самата некогаш ја имаше. Анастасија стана најистакнатата жена во Османлиската Империја, омилената жена на Султанот. Сега како Султанка, мораше да го прифати предизвикот, интригите во палатата и секогаш да биде будна за непријателите што чекор по чекор се прикрадуваа и беа нејзина смртна закана и смртна закана за нејзините деца…
Авторката на овој роман инспириран и напишан според вистинските историски настани Демет Алтинјелеклиоглу е родена во Анкара. Таа дипломирала политички науки при универзитетот во Анкара. Од 1980 година, Демет работела како директор во различни сектори во ТРТ – турската радио и телевизија. Автор е на повеќе дела, а работи и како преведувач. Алтинјелеклиоглу со својата фамилија живее во Бодрум и Мајами.
Црната кралица - Косем Султан
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Демет Алтинјелеклиоглу
- Достапност: На залиха
- 600 ден
-
450 ден
-
- 1 или повеќе 450 ден
Слични продукти
Последната книжарница во Лондон
Безвременски роман за храброста, љубовта и трајната моќ на книгите, инспириран од вистинска приказна..
315 ден 450 ден
Загубената сестра
Најновата книга од серијалот за седумте сестри „Загубената сестра“ е последна во низата за сестрите ..
473 ден 630 ден
Еден незаборавен Божиќ
За време на божиќните празници во Лондон, Рејф Боуман пристигнува од Америка поради договорената сре..
293 ден 390 ден
Ознаки: crnata kralica, kosem sultan, demet altinjeleklioglu
