Сите знаеме дека треба да имаме здрави граници за да ги усогласиме работата и приватниот живот, да излеземе на крај со токсичните луѓе и да уживаме во квалитетните односи со партнерот, пријателите и семејството. Меѓутоа, што навистина значат „здравите граници“ – и како успешно да ги покажеме своите потреби, како да знаеме кога треба да кажеме „не“ и да настапиме решително, а притоа да не го повредиме соговорникот?
Авторката Недра Гловер Таваб, експертка за врски и една од највлијателните психолози на Инстаграм, ни го објаснува тој сложен проблем на денешното општество. Во книгата ни претставува едноставни, а истовремено ефикасни начини за поставување здрави граници во сите животни области. Предлага да користиме техники втемелени врз основа на најновите истражувања и најуспешните методи, што се применуваат во когнитивно-бихевиоралната терапија. На тој начин ќе ги одредиме и изразиме своите потреби јасно и без извинување. Ќе ги решиме главните проблеми што се кријат зад козависноста, одмерувањето на силите, анксиозноста, депресијата, преголемиот напор на работа и многу други проблеми што се појавуваат. Авторката ни дава јасни упатства како отворено да зборуваме за своите потреби и да уживаме во слободата што ни ја пружа природното однесување.
„Без здрави граници не сме способни да живееме живот каков што сакаме. Оваа книга е вистински водич за дефинирање на очекувањата и на личните граници што ни помагаат да живееме спокоен живот и да бидеме почитувани и реализирани како што заслужуваме.“ - д-р Скот Бари Кауфман
Поставете граници, пронајдете мир
- Издавачка куќа: Бата Прес
- Автор: Недра Гловер Таваб
- Достапност: На залиха
-
430 ден
Слични продукти
Се е заебано
Од авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за про..
390 ден
Преку илузија до радост
Пред да се раздени, во најтивките моменти, кога нејзиниот свет мирува, Ани слушна глас што ѝ се обра..
900 ден
Атомски навики
Дали тешко ги менувате своите навики? Ако е така, проблемот не сте вие. Проблемот е во вашиот систем..
850 ден
12 животни правила
Понесен од великаните на западната мисла, од најразлични домени на науката, од религиозните списи и ..
550 ден
Ознаки: поставете граници пронајдете мир, postavete granici pronajdete mir, nedra glover tavab
