Нашите обрасци на перфекционизам и угодување на луѓето настанале врз основа на некогашните повреди на емоционално ниво.

Никому ништо не должите е книга за перфекционисти, трудохоличари, оние што им угодуваат на луѓето и оние што макотрпно се трудат и што се чувствуваат заглавено во циклусот на бескрајно вложување напори. Споделувајќи ги со читателите своите искуства како животен тренер и „излечен“ перфекционист, Керолајн Гарнет Макгро ни покажува како може да се ослободиме од тежината на очекувањето и нѐ охрабрува да одиме понатаму во животот, без да му се правдаме на некој.

Инспирирана од текстот на авторката „Никому не му должиш да влезеш во интеракција со него“, кој стана вирален, оваа книга нѐ повикува да направиме изненадувачки избор што може да ни помогне да се ослободиме. Наместо да понудат само уште повеќе начини за постигнување промени со вложување труд, овие лични приказни се како сочувствен сведок и претставуваат одраз на нашите перфекционистички навики. Тие се истовремено и повик за будење што ни помага да излеземе од менталитетот на маченик и нѐ инспирира да тргнеме во нов, позитивен правец.

Низ едноставната и достапна практика, Никому ништо не должите ни покажува како изгледа кога ќе одлучиме да престанеме да функционираме на стариот начин, со претерување во сѐ, и нѐ повикува да донесеме одлуки што ѝ помогнаа и на авторката, а и на нејзините клиенти да го надминат перфекционизмот, зајакнувајќи и овозможувајќи да се ослободиме од стравовите и да го заздравиме своето срце.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Никому ништо не должите

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Керолајн Гарнет Макгро
  • Достапност: На залиха
  • 430 ден
  • 323 ден


  • 1 или повеќе 323 ден

Слични продукти

Користи го мигот

Она што го правиш, прави го целосно! Биди со себе! Зашто, секој миг е скапоцен за животот. Тој има з..

Автор:

105 ден 150 ден

Да се живее поинаку

Базирана врз долгогодишни научни истражувања во областа на психологијата, како и врз професионалното..

Автор:

240 ден 300 ден

Завладејте со својата мотивација

Задолжителен водич за разгорување на мотивацијата и за живот каков што посакувате...Се мачите да се ..

Автор:

304 ден 380 ден

Како да го излечите својот живот

Лујзa Л. Хеј, авторка на многу бестселери, е светски познат лидер во областа на самопомошта. Нејзина..

Автор:

320 ден 400 ден

Ознаки: nikomu ne dolzite nisto, kerolajn garnet makgro