„Ние сме една круна. Неговата тежина е моја, а мојата е и негова…“

Во 1761, еден сончев септемвриски ден, еден крал и една кралица се сретнуваат за првпат. И се венчаваат во рок од неколку часа.

Родена како германска принцеза, Шарлота е прекрасна, тврдоглава и крајно интелигентна… а тоа не се баш особините кои Палатата ги посакува за сопругата на младиот крал Џорџ III. Но нејзиниот оган и независност се токму она што е потребно, бидејќи Џорџ има тајни… тајни со потенцијал да ги разнишаат темелите на монархијата.

Втурната во новата улога на кралица, Шарлота мора да се запознае со правилата и политиките додека истовремено си го штити срцето, бидејќи се вљубува во кралот, дури и покрај тоа што тој ја оттурнува од себе. А пред сѐ мора да научи да владее и да разбере дека ѝ е дадена моќ да направи огромни промени во општеството. Таа мора да се бори – за себе, за својот сопруг и за сите кои бараат помош и водство од неа. Затоа што таа никогаш повеќе нема да биде само Шарлота. Мора да ја следи својата судбина… како кралицата Шарлота.

Незаборавна романса од моќното дуо, напишана ексклузивно за Нетфликс.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Кралицата Шарлота

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Џулија Квин, Шонда Рајмс
  • Достапност: На залиха
  • 520 ден
  • 416 ден


  • 1 или повеќе 416 ден

Слични продукти

Сенката што ме чува

Миа е успешна адвокатка по професија која професионалниот живот ја враќа во Бостон, каде се чини дек..

Автор:

270 ден 360 ден

Се што заборавила Алиса

Алиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка.&nbs..

Автор:

440 ден 550 ден

Романса со господин Бриџертон

Сите знаат дека Колин Бриџертон е најшармантниот маж во Лондон. А, Пенелопе Федерингтон потајно го о..

Автор:

416 ден 520 ден

Неговите тајни

Крис стана нејзин живот, нејзино срце, нејзина душа. Но, тој е мрачен и оштетен. Неговите тајни се м..

Автор:

329 ден 470 ден

Ознаки: kralicata sarlota, djulija kvin, sonda rajms