„Магла и месечевина“ е своевиден увод во подоцнежните дела на Селимовиќ, а дел од критиката го смета и како суптилна увертира за култниот „Дервишот и смртта“.
Ова е приказна за млад селски пар кој во својот дом згрижува ранет партизан во текот на Втората светска војна. Ликовите се неверојатно психолошки прикажани, а трагичната нота демне над текот на дејството. „Магла и месечевина“ е едно од најдобрите дела со тематика од Втората светска војна – лирски, таинствен, суптилен и меланхоличен роман, но истовремено проникнат со еротски набој кој му дава дури и одредена контроверзна димензија. Ова е текст на молкот, кој чудесно се наметнува врз сè што ликовите зборуваат. Војната е вплетена и како општествена позаднина, но и како борба во самиот човек, бидејќи се прикажуваат човечките искушенија во немирни времиња, додека во совеста на ликовите се случува голем внатрешен судир.
Меша Селимовиќ изјавил дека ова е негово артистички најуспешно дело.
Магла и месечевина
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Меша Селимовиќ
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
188 ден
-
- 1 или повеќе 188 ден
Слични продукти
Ваби - Саби
Доаѓаме од ништо и кон ништо се упатуваме. Во средината сме нешто. И тоа нешто го нарекуваме живот.С..
256 ден 320 ден
Ајде да јадеме : Вкусни и посни рецепти за секој ден
Откријте ја магијата на здравата и вкусна исхрана со овој уникатен посен готвач, кој претставува вис..
552 ден 690 ден
Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење
Првпат објавена во 1891 година, "Готвењето како наука и уметноста на убавото јадење" на Пелегрино Ар..
632 ден 790 ден
Ознаки: magla i mesecevina, mesa selimovic
