„Плен“ е самостоен психотрилер на Ирса Сигурдардотир од кој смрзнува крвта и кој ќе ви предизвика бессони ноќи.
Спасувачки тим е пратен во зафрлена исландска висорамнина во потрага по група исчезнати луѓе. Што е тоа што ги натерало двете брачни двојки да појдат на ризично патување, во толку лоши временски услови? И зошто го напуштиле единственото засолниште, скудно облечени и целосно изложени на страшниот студ?
Во меѓувреме, необични работи се случуваат и во далечната радарска станица во Стокснес. И тука е сè чудно. Без разлика дали станува збор за локвата крв откриена во негибнат снег, за малото детско чевличе пронајдено неколку децении откако е закопано или за црната дупка во карпата покрај морето, која како да ги привлекува луѓето.
Снегот продолжува да паѓа, необјаснивите настани не престануваат и ништо не е како што изгледа…
Плен
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Ирса Сигурдардотир
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Преживеј за да раскажуваш
KОЛКАВИ СЕ ШАНСИТЕ ДА ПРЕЖИВЕЕШ…Една грозоморна ноќ завршува со брутално убиено семејство. Мајката и..
315 ден 420 ден
Варшавскиот протокол
Од мирните канали на Бриж, до елегантните простории на „Кралскиот замок Вавел“ и длабоко п..
413 ден 550 ден
Барање за пријателство
Еден млад писател дознава за трагичната смрт на грчката шампионка во пинг-понг и решава да истражи н..
154 ден 220 ден
Ознаки: plen, irsa sigurdardotir
