Елизабета е конечно на престолот. Очајна од ситуацијата таа го повикува својот најверен шпион да ù помогне со царството западнато во хаос, сплетки и заговори.
Лондон, 1558 година. Кралицата, таканаречената Крвавата Мери е мртва, а на тронот се искачува дваесетипетгодишната Елизабета. Протераниот Брендон Прескот е повикан од страна на младата кралица да се врати во кралството. Обидот за труење на Елизабета го засенува нејзиното крунисување, но пред Брендон да го истражи, Елизабет го повикува насамо за да го испрати на многу подоверлива мисија: да ја пронајде нејзината најверна соработничка, Леди Пери, која исчезнала за време на посетата на семејниот имот во Јоркшир.
Мистеријата околу Леди Пери се продлабочува а Брендон почнува да сфаќа дека во Дворецот на кралицата се случува многу повеќе отколку што се гледа, но колку повеќе се приближува до откривањето на мистеријата, толку повеќе се одалечува од можноста за обелоденување на вистината, која пак може да доведе до уништување на Елизабета.
Од интригите во Вајтхол до смртоносното подземје на Лондон, Брендон е во трка со времето за да ја открие одмаздата што може да го разоткрие неговото закопано минато и да сруши сè за што досега се борел, вклучително и неговата лојалност кон саканата кралица.
Одмаздата на Тудорите
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: К.В.Гортнер
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Ловец на богатство
Шарлот Берд е богата наследничка која штотуку ја воведуваат во високата класа. Таа не се снаоѓа добр..
473 ден 630 ден
Како пердув на ветрот
Понекогаш, еден ден може да обележи цел еден живот...На 12 август 2019 година Виола добива неочекува..
300 ден 400 ден
Долга реса крај морето
Приказна за љубовта, пријателството, надежта и егзилот, која е актуелна и денес, и покрај тоа што се..
338 ден 450 ден
Проклетството на Амалфи
Моќно вештерство. Потрага по потонато богатство. Забранета љубов на отворено море. И една клетва ста..
385 ден 550 ден
Ознаки: odmazdata na tudorite, gortner
