Абраксас е мистичното име на контрадикторниот бог кој ги отклучува вратите на собите со огледала кои ја разобличуваат реалноста во која живее главниот лик на романот, Мики Луческу.
Живеејќи осамено и сиромашно во изнајмена соба на едно поткровје, Мики одеднаш го понесуваат сеќавањата инспирирани од влезот и ходниците на станбената зграда од неговото детството. Во тоа чудно здание чувано од два камени лава живеел заедно со неговата мајка – сликарка и силна жена која била олицетворение на силата на природата. Мики почнува да ги отвора сите единаесет станови од зградата, но секогаш наместо во стан, влегува во некое старо кино, каде што гледа филмови во кои тој истовремено е и гледач и протагонист во филмот на сопствениот неуспех и самоуништување.
Епизодите се одвиваат во различни точки на времето и просторот, почнувајќи од темните времиња на крстоносната војна на Фредерик Барбароса до постапокалиптичната визија на поплавенииот Букурешт, минувајќи низ Виена на Јаков Леви Морено, Париз на Илари Воронка и низ Њујорк на Делмор Шварц. Од сите овие парчиња, некои јасни, други заматени, полека, но сигурно ја составува душата и карактерот на главниот лик во романот, Човекот. Затоа што Абраксас е и светлина и темнина, и живот и смрт, а во исто време е и љубов и нејзино уништување. Тој е целиот свет.
Абраксас
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Богдан-Александру Станеску
- Достапност: На залиха
- 700 ден
-
525 ден
-
- 1 или повеќе 525 ден
Слични продукти
Малтешката размена
Смртоносна трка за најстарата тајна на Ватикан.Папата е мртов. Конклавата за избор на негова замена ..
443 ден 590 ден
Црната круна
„Интересно патување преку континенти и низ времето. Илија Магденоски создава атмосфера исполнета со ..
225 ден 300 ден
Ознаки: abraksas, bogdan aleksandru stanesku, богдан александру станеску
