Ноа е на врвот од писателската кариера. Со милионските тиражи и обезбедените права за филмување на неговите книги, не постои нешто што кралот на фикцијата го нема постигнато. Но никако не смее да ја пропушти неверојатната можност да го доврши романот на големата Скарлет Стентон, која отсекогаш му била идол. Меѓутоа, едно е да смисли соодветен крај за делото што легендарната авторка го оставила недовршено, а сосем друго е да се спогоди со нејзината прекрасна, тврдоглава и цинична правнука… што ќе се покаже како уште поневозможна мисија.

Џорџа Стентон почнува одново да го гради својот живот по ужасниот развод во кој губи речиси сè. Иако сака само да се скрие од светот во куќата на прабаба ѝ во Колорадо, принудена е да се соочи со арогантниот (и мошне згоден) писател, кој полека ја стекнува нејзината доверба.

Но, додека ги читаат писмата и ракописот на Скарлет, почнуваат да сфаќаат зошто таа никогаш не ја довршила приказната за нејзината врска со пилот од Втората светска војна. Џорџа е убедена дека љубовта нема среќен крај, па и покрај неоспорната хемија меѓу неа и Ноа, решена е да не ги повтори грешките на Скарлет – дури и по цена да ја уништи неговата кариера.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Сите недовршени нешта

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Ребека Јарос
  • Достапност: На залиха
  • 590 ден
  • 443 ден


  • 1 или повеќе 443 ден

Слични продукти

Како намќорот го спаси Божиќ

Изабел Кук има сериозен проблем. Нејзината семејна фарма, местото каде што воедно се одржува еден од..

Автор:

353 ден 470 ден

Опасноста што ја љубам

TAA...Во срцето на сончевата Тоскана, каде што лозјата кријат повеќе тајни отколку грозје, една..

Автор:

270 ден 360 ден

Лејла

Од број 1 авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“ – Колин Хувер – ни доаѓа роман што го истражува ..

Автор:

315 ден 420 ден

Од жарјето

Чудни се нештата на кои се сеќава човек по трагедија. Како на пример: оглушувачкиот звук на експлоди..

Автор:

315 ден 420 ден

Ознаки: site nedovrseni nesta, rebeka jaros