Нилеј беше нетрпелива да оди на училиште и да го види Омер, нејзиниот нов соученик, бидејќи многу ѝ се допаѓаше. Но, училиштата беа затворени поради обилните снежни врнежи. Камо да имаше моќ да го контролира времето… Таа ја изусти оваа желба додека одеше под големиот даб во паркот. И се случи… На главата ѝ падна волшебен желад. Следното утро на вратата најде шарен чадор. Кога го отвори, чадорот потпукна и снегот престана да паѓа и сонце повторно светеше. Повторно потпукна, овој пат врнеше! Таа повторно го направи тоа и денот се претвори во топол летен ден! Таа и нејзиниот татко ја искористија оваа можност за прошетка во шумата каде што забележаа луѓе како со булдожери сечат дрвја за да изградат вила, дивоградба во шумата. Нилеј повторно, бесно потпукна со чадорот за да врне. Така изградбата запре некое време.
И така се случи…
Но, на тој начин бескрајните врнежи дожд би имале драстични ефекти врз другите луѓе во градот. Уште полошо; кога присуствуваше на роденденската забава на Омер, дозна дека таткото на Омер е тој што раководи со дивоградбата. Уништена од веста, Нилеј сега мораше да најде начин трајно да ја запре изградбата без да ги повреди чувствата на Омер, кој всушност не знае дека градбата е нелегална.
Волшебниот чадор
- Издавачка куќа: Прозарт
- Автор: Фатих Ердоган
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
245 ден
-
- 1 или повеќе 245 ден
Слични продукти
Приказни и залагалки
Интересно издание кое е компилација на позннатите приказни: Мачорот во чизми, Пинокио, Снежана, Трит..
408 ден 480 ден
Волшебните очила
Емре има неверојатна способност – може да гледа низ предмети! Кога се појави на ТВ и ја покажа своја..
280 ден 400 ден
Учиме за човечкото тело
„Учиме за човечкото тело“ – познавање на нашето тело низ забавна книга!Оваа едукативна и инспиративн..
298 ден 350 ден
Ознаки: volsebniot cador, fatih erdogan
