Сублимирани емоции со две лажички мед. Сензитивна и сензуална. Длабоко интимна и без задршка. Ранлива и храбра. Збирка создадена речиси во еден здив. Пишувана, растена и обликувана со многу искреност, страст, нежност и копнеж.
Во оваа книга авторката, која воедно е и психолог и јогин, ги презентира своите емоции создавајќи интерактивно и хибридно дело со уникатна структура во нашата книжевност. Поетска авантура низ стихови и дневнички записи со ефект на вистински емоционален ролеркостер.
Со необичниот и холистички пристап кон внатрешниот свет и кон творечкиот процес, Лепојевиќ ги поканува читателите директно и длабоко во нејзиниот интимен дом, нудејќи ги сите медиуми за негово искусување: зборот и чувството, цртежот и звукот, фотографијата и видеото.
Или, како што вели авторката: „Збирка полна искрена ЈАС: расечена, искрвавена низ стиховите, распослана по страниците.“
Дождови во мај
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Даница И. Лепојевиќ
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
175 ден
-
- 1 или повеќе 175 ден
Слични продукти
Цепај сине: пошто џабе живиш у Македонија
„Цепај сине“ е толковен заебантски речник у манирот на претходната книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „Џабе..
288 ден 360 ден
Волга, Волга
Секој петок, Џелал Пљевљак патува 116 километри со својата црна волга, од Сплит до Ливно. Оди во џам..
338 ден 450 ден
Ознаки: dozdovi vo maj, danica lepojevikj
