Сумеро-вавилонскиот еп „ Гилгамеш“ е најстарото литературно дело за кое знае книжевната наука во светот. Времето на неговото создавање на специјални глинени плочи научниците го датираат во ХIX или ХХ век пред н.е., што значи дека овој еп е создаден неколку векови порано од славните Хомерови епови, како и од сите други познати древни дела („Веди“ итн.).Епот е создаден и е напишан на јазикот на Сумерите, народ кој тогаш бил населен во долниот дел на Месопотамија, меѓу реките Тигар и Еуфрат, па се смета дека токму Сумерите се зачетници на најстарата зачувана култура и творци на првото писмо во историјата на човештвото, а јунакот кој цел живот бил во потрага по човечката бесмртност, ќе стане бесмртен во светската литература.
Овој врвен препев на еден од темелите на светската книжевност го направи Михаил Ренџов, еден од нашите најистакнати поети, вдахнувајќи му елементи од своето лирско искуство.
Слични продукти
Мостот на Дрина
Со ова дело во светската литература монументално се воспева мостот во Вишеград како многуслојна врск..
550 ден
Сенки од минатото
Емили де ла Мартиниер отсекогаш се противеше на своето аристократско потекло. Сега е единствен..
550 ден
Слепиот убиец
„Десет дена откако заврши војната, сестра ми Лора се истумба со колата од еден мост“. По повеќе од п..
500 ден
Џабе живиш у Скопје
„Џабе живиш у Скопје“ е збирка актуелни, изумрени и подзабораени поими, фрази, изрази, идиоми, апсур..
250 ден
Ознаки: gilgames
