Во април, 1992 год. Аида има едвај шест години, кога заедно со мајка си бега од војната во Босна и Херцеговина, од нејзиното мало планинско село. Да се стигне до границата со Италија значи патување во бескрајна темна ноќ, средба со непознатото, со ужасот, но таму ја чека нејзиниот татко и спасот. Аида расте во Милано и наоѓа начини како да порасне во непознатата земја, додека војната го брише единствениот свет што таа го познава. Расте во болката и збунетоста предизвикани од принудената преселба, која ги уништува животите на нејзините родители. Ниту раѓањето на нејзиниот брат, долгоочекуваното машко дете, нема да го врати мирот и среќата во семејството, бидејќи тие постојано живеат во друг свет, свет што веќе не постои.
"...Се смени пејзажот, преку стаклата се гледаше празна рамнина, без дрвја, и темното сонце кое не потеше. Некоја чудна ведрина се рашири меѓу луѓето, мајка ми ми кажа дека нема уште многу, в зори ќе стигнеме на последната граница.
'А, потоа ќе бидеме спасени.'
Така кажа, спасени..."
А потоа ќе бидеме спасени
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Александра Карати
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
293 ден
-
- 1 или повеќе 293 ден
Слични продукти
Ова започнува со нас
Лили и нејзиниот поранешен сопруг Рајл најпосле успеваат да фатат ред со заедничкото одгледување на ..
390 ден 520 ден
Собрани дела
Мартин Берг, неуспешен писател и сопственик на мала издавачка куќа во Гетеборг, запаѓа во сè поголем..
420 ден 600 ден
Небото под нас
Инспиративна приказна за авантурата, љубовта, загубата и храброста.1927 год: Виолета Макензи-Грант з..
390 ден 520 ден

