Таа е скршена однатре…
Меган Хантер има дадено сѐ од себе за повторно да застане на нозе и да го остави кошмарот од своите тинејџерски години зад себе. Последното нешто што ѝ треба или што го сака во животот е некојси маж. Но кога ја напаѓа некој од минатото, страшен туѓинец со лузни интервенира, спасувајќи ги неа и нејзината мала ќеркичка. Но изгледот може да лаже затоа што и покрај тоа што човекот делува грубо и страшно, таа се чувствува безбедно со него. И за првпат во животот, сфаќа што е тоа копнеж.
Тој е скршен однадвор…
Натаниел Вест има платено висока цена за служење како маринец во Авганистан. Се враќа на неговиот семеен ранч во планините на Колорадо за да заздрави – и да биде сам. Унаказен каков што е, не може ни да мисли на романтики и секс. Но кај Меган има нешто што го враќа во живот, му ја зоврива крвта и прави повторно да се чувствува како маж. Кога гледа дека ја демнат опасности и се разоткрива вистината за нејзиното минато, тој се заколнува дека ќе ја штити, но и дека ќе го исцели нејзиниот ранет дух. Но соочувањето со минатото никогаш не е лесно – особено кога тоа вклучува оружје. Меган ќе мора да научи да му верува за да преживее, но и да се предаде на страст која продира многу… длабоко под површината.
Длабоко под површината
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Памела Клер
- Достапност: На залиха
- 420 ден
-
336 ден
Слични продукти
Романтична комедија
Зар не бараме сите некој со кого можеме да разговараме за сè? На кој вреди да му ги раскажеме своите..
440 ден 550 ден
Сурова љубов
Кога Тејт Колинс го запознава пилотот Мајлс Арчер, знае дека тоа не е љубов на прв поглед. Тие не мо..
320 ден 400 ден
Се случи една есен
Четири млади дами се здружуваат со една цел: мора да ја искористат својата лукавост и интелигенција ..
336 ден 420 ден
Се што сакам за Божиќ
За Божиќ се случуваат чуда, ама не и за Ник. Тој ја изгуби работата како добро платен лондонски..
344 ден 430 ден
Ознаки: dlaboko pod povrsinata, pamela kler