Шеснаестгодишната Џени Линд е киднапирана сред бел ден додека се враќа од училиште. Однесена е во запуштена куќа, каде што таа и другите киднапирани девојки се соочуваат со ужаси што ги надминуваат нивните најлоши кошмари. Иако очајно сакаат да избегаат, нивниот чувар го спречува секој можен обид за бегство. Времето минува, исчезнувањето на тинејџерката паѓа во заборав, па дури и нејзините родители повеќе не се надеваат на добри вести.
Пет години подоцна, телото на Џени е пронајдено обесено на игралиште. Нема докази, само еден сведок – маж кој не се сеќава што точно видел. Почнуваат да се појавуваат тела на млади девојки убиени на најсурови начини. Комесарот Јона Лина е единствениот што се сомнева дека сите убиства носат ист потпис и ги крши процедурите за да се обиде да го пронајде и запре крвожедниот психопат скриен зад невина маска.
Слични продукти
Распарчени
Пајпер Мекена не можеше да биде повозбудена што нејзиниот „изгубен“ брат Риф се врати во Јенси, Алја..
590 ден
Пакетот
Младата психијатарка Ема Штајн воопшто не излегува од дома од вечерта кога ја силуваат во хотелска с..
420 ден
Умот на убиецот
Дали минатото може да остане само минато?Три женски тела се пронајдени балсамирани – позираат како д..
490 ден
Потопени
Саботиран авион. Двајца мртви нуркачи во длабоките води. Една единствена трага.Бејли Крег вети ..
490 ден
Ознаки: covekot od ogledaloto, las kepler

